КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Контролни ваги, детектори за метал,
рентгенски уреди, комбинирани единици, Track & Trace системи

Дали сте сигурни за секој производ што ја напушта производствената линија?

Проблемите во производството понекогаш остануваат незабележани сè додека производот не стигне до купувачот. Несоодветната тежина, присуството на туѓи тела или оштетеното пакување доведуваат до поплаки, повлекување на производот од пазарот и дополнителни трошоци.

Системите на Wipotec овозможуваат сигурна контрола на секој производ пред да ја напушти производствената линија, помагајќи ви да одржувате висок квалитет, да го намалите отпадот и да ги исполните барањата на стандардите како што се HACCP, IFS, BRC и други

WIPOTEC: Комплетни решенија за контрола на квалитет

Без разлика дали сакате прецизна контрола на тежината во движење , откривање на загадувачи или комплетен систем за финална инспекција , Wipotec нуди решенија што се прилагодуваат на вашата производствена линија.

Контролни ваги (checkweigheri)

Контролните ваги WIPOTEC се одликуваат со висока прецизност при максимални брзини, овозможувајќи голема пропусност на производи и поголема ефикасност на производната линија.

Контролната вага се вградува во производната линија и автоматски го мери секој производ додека се движи по транспортната лента. Прецизната мерна ќелија ја споредува измерената маса со зададените вредности, по што системот ги издвојува производите што се недоволно или прекумерно наполнети, додека производите што ги исполнуваат условите продолжуваат по линијата. На тој начин се овозможува 100% контрола на производите и заштита на брендот од последиците на неточното полнење.

Ваквата контрола е особено важна во прехранбената, фармацевтската и козметичката индустрија, каде што секое пакување мора да ја исполнува пропишаната тежина и стандардите за квалитет. Едноставното и интуитивно ракување овозможува кратка обука, а автоматското евидентирање на резултатите и можноста за поврзување со други системи за инспекција го олеснуваат следењето и оптимизацијата на производството.

  • Висока прецизност при големи брзини – EMFR мерната технологија овозможува сигурно динамичко мерење и при максимална пропусност.
  • До 650 пакувања во минута – моделите HC-A се наменети за производни линии со високи барања и голем капацитет.
  • 100% контрола на производите – секое пакување се мери додека минува низ линијата, а производите со несоодветна тежина автоматски се издвојуваат.
  • Статистика и следење на производството во реално време – резултатите од мерењето и клучните производни податоци се достапни преку централен интерфејс или преку Ethernet TCP/IP поврзување.
  • Лесна интеграција во производната линија – контролните ваги може да се поврзат со други системи за инспекција, вклучувајќи детектори за метал, рендгенски уреди и системи за машински вид.
  • Модуларна конфигурација – различните модули, опции и системи за исфрлање овозможуваат приспособување на конкретната примена, производ и формат на пакување.
  • Сигурна работа во тешки услови – AVC технологијата ги компензира вибрациите и придонесува за стабилни резултати од мерењето.
  • Хигиенски дизајн и усогласеност со GMP – достапни се изведби од нерѓосувачки челик и модели за перење со заштита до IP69K.
  • Едноставно и интуитивно ракување – корисничкиот интерфејс со екран на допир ја скратува обуката и го олеснува секојдневното работење.
  • Комплетен уред од не’рѓосувачки челик
  • Поддршка за работа со повеќе паралелни транспортни ленти
  • Во комбинација со други уреди на Wipotec

EC-E
Капацитет: до 150 парчиња/мин. Почетен модел за прецизна автоматска контрола на тежината, 100% евидентирање на податоците, статистика и автоматско издвојување на производите со несоодветна тежина.

EC-E-VA
Капацитет: до 150 парчиња/мин. Изведба од нерѓосувачки челик со заштита IP65, наменета за работа во услови со мала до умерена влажност.

EC-E-SL
Капацитетот зависи од производот и конфигурацијата. Изведба за тешки услови, наменета за прецизно мерење поголеми и потешки производи во текот на производството или на крајот од линијата, пред палетизација.

EC-easy
Капацитетот зависи од примената; наменета е за линии со помала пропусност. Едноставно решение од нерѓосувачки челик со екран на допир, различни ширини на транспортната лента и можност за замена на лентата без алат.

HC-M
Капацитет: до 250 парчиња/мин. Флексибилна контролна вага за средни брзини, погодна за контрола на тежината, проверка на комплетноста, сортирање и класификација на производите.

HC-M-VA
Капацитет: до 250 парчиња/мин., во зависност од конфигурацијата. Конструкцијата од нерѓосувачки челик и заштитата IP65 овозможуваат работа во влажни услови и лесна интеграција во постојната линија.

HC-M-SL
Капацитетот зависи од производот, а брзината на транспортната лента достигнува до 2 m/s. Наменета е за контрола на тежината и комплетноста на производи со маса до 60 kg.

HC-M-WD
Капацитет: до 250 парчиња/мин., во зависност од примената. Хигиенска изведба за интензивно миење, со заштита IP69K, наменета за прехранбената индустрија и погони што често и темелно се мијат.

HC-M-WD-SL
Капацитетот зависи од производот и конфигурацијата. Контролна вага за тешки услови и интензивно миење, наменета за поголеми производи како гајби, кутии, вреќи и контејнери, со заштита IP69K.

HC-A
Капацитет: до 600 парчиња/мин., односно до 650 парчиња/мин. кај одредени конфигурации. Модуларна контролна вага со голема брзина, наменета за апликации со високи барања и 100% контрола на производите.

HC-A-VA
Капацитетот зависи од производот и конфигурацијата, со можност за работа при големи брзини. Робусна изведба од нерѓосувачки челик за влажни средини, со EMFR технологија за прецизно мерење.

HC-A-MI
Капацитетот зависи од производот и форматот на пакување. Наменета е за многу лесни производи и компоненти, вклучувајќи stick-pack пакувања со маса во милиграмски опсег, со автоматска класификација и сортирање.

HC-A-Multitrack
Капацитетот зависи од бројот на ленти, производот и конфигурацијата на системот. Повеќелентна вага за мали пакувања, со одделно мерење и прикажување на резултатите за секоја лента.

HC-A-EX
Капацитетот зависи од производот и конфигурацијата. Контролна вага со ATEX сертификат, наменета за директна инсталација во потенцијално експлозивни зони. Достапна е како едноделен или дводелен систем.

HC-A-IS
Капацитетот зависи од производот и конфигурацијата, со можност за работа при големи брзини. Специјална изведба за нестабилни цилиндрични производи, како лименки, со ротирачки систем за прецизно мерење.

HC-A-IS-WD
Капацитетот зависи од производот и конфигурацијата. Хигиенска изведба за интензивно миење, наменета за високи и тесни цилиндрични производи, како аеросолни лименки и пластични или стаклени шишиња.

HC-IS-EX
Капацитетот зависи од производот и конфигурацијата. ATEX изведба за прецизно мерење цилиндрични производи, особено аеросолни лименки, во зони 1 и 2.

🛈 WIPOTEC нуди широк избор на контролни или проточни ваги со различни капацитети, брзини и нивоа на прецизност. Изборот на соодветниот систем зависи од видот на производот, димензиите, производствената линија и барањата за контрола на квалитетот. Нашите експерти ќе ја анализираат вашата апликација и ќе препорачаат решение што одговара на вашите потреби – без непотребни трошоци и компромиси.

Metal detektori

Металниот детектор е систем за контрола што открива метални честички и метални делови во производот. Кога производот минува низ отворот на детекторот, цевката или инката, уредот создава електромагнетно поле. Електрониката ги анализира промените во сигналот и ги разликува металните загадувачи од самиот производ.

Системите Pulsotronic можат да откриваат различни видови метали: феромагнетни и неферомагнетни честички, како и нерѓосувачки челик. Во зависност од примената, се користат за контрола на спакувани производи на транспортна лента, течни и пастозни производи во цевки, материјали во растресита состојба што паѓаат слободно и слично.

Кога ќе открие метал, системот автоматски активира соодветен начин на издвојување — на пример, запирање или пренасочување на лентата, пневматско исфрлање или друг систем за сепарација. На тој начин, контаминираните производи може да се отстранат без непотребно забавување на производството, а истовремено се штитат потрошувачите, опремата и квалитетот на готовиот производ.

Некои производи, особено оние со висока содржина на вода, сол или масти, како месо, сирење, тестенини, сосови и влажни производи, може да создадат сигнал сличен на сигналот од метал. Ако системот не го препознае тој сигнал како карактеристика на производот, може да дојде до лажно активирање на алармот или до намалување на чувствителноста на детекцијата.

Затоа современите метал-детектори користат функција за филтрирање на ефектот на производот: уредот „учи“ како изгледа производот без контаминација и го разликува неговиот природен сигнал од сигналот на вистински метален загадувач. Така се постигнува висока чувствителност со помал број непотребно издвоени производи, што го овозможуваат и метал-детекторите од нашата понуда.

  • Висока чувствителност на детекција – сигурно откривање метални загадувачи и кај апликации со високи барања.
  • Современа дигитална технологија – ефикасно потиснување на ефектот на производот и вибрациите.
  • Хигиенски дизајн – куќиште и конструкција приспособени на барањата на прехранбената индустрија.
  • Робусна конструкција од нерѓосувачки челик – долготрајна и сигурна работа во индустриски услови.
  • Висок степен на заштита – достапни се изведби со заштита IP54, IP65, IP68 и IP69K, во зависност од моделот.
  • Минимални потреби за одржување – детекторите не бараат честа калибрација и сервисирање.
  • Флексибилна конфигурација – различни димензии на тунелот и можност за избор на соодветна електроника.
  • Лесна интеграција – погодни се за нови производни линии, како и за дополнителна монтажа во постојни системи.
  • Широк избор на дополнителна опрема – можност за приспособување на конкретните барања на производната линија.

Серија BD – тунелски детектори
Тунелски детектори за апликации што бараат висока чувствителност и сигурност при детекцијата, вклучувајќи ја и прехранбената индустрија. Достапни се во различни димензии, со хигиенски дизајн и заштита IP65, IP68 или IP69K.

Серија TU – тунелски детектори со можност за расклопување
Овие детектори за метал се наменети за дополнителна монтажа на постојни транспортери, ленти и канали што не може да се расклопат. Целосно се изработени од нерѓосувачки челик, достапни се во различни димензии и овозможуваат филтрирање на вибрациите и ефектот на производот. Достапни се со заштита IP54 или IP65.

Систем HQ со транспортна лента и детектор BD-HD
Комплетен систем за детекција и автоматско издвојување метал, наменет за контрола на поединечни производи и материјали во растресита состојба. Се изработува според конкретната примена, со конструкција од нерѓосувачки челик и различни изведби на транспортерот, дополнителната опрема и системот за исфрлање.

InFlex
Детектор за течни и вискозни прехранбени производи, особено за пастозни смеси (на пр. месни преработки) што минуваат низ машините за полнење, но и за производи како марципан. Компатибилен е со вообичаените машини за полнење, издржува притисок до 55 bar, има заштита IP69K и може да се опреми со различни вентили за автоматско исфрлање на металните загадувачи.

InLine
Детектор за течни производи и суровини во прехранбената и другите индустрии, со изведби за цевки со дијаметар од 40 до 150 mm. Се одликува со конструкција од нерѓосувачки челик, заштита IP69K, филтрирање на ефектот на производот, одделна контролна единица и можност за дополнителна монтажа со помош на Triclamp или хигиенски споеви.

🛈 Метал детекторите се достапни во повеќе конфигурации во зависност од видот на производот, пакувањето и условите на производство. Тие се разликуваат по нивото на чувствителност, димензиите на отворот и начинот на интеграција во линијата, со цел да се обезбеди сигурно откривање на метални загадувачи во различни индустриски апликации. За правилен избор на систем што одговара на вашиот процес и барања за квалитет, се препорачува да се консултирате со нашите експерти.

X-Ray уреди

Системите за рендгенска контрола WIPOTEC, благодарение на современата технологија, прецизно откриваат туѓи тела како метал, стакло, камен, пластика со висока густина, коски и други загадувачи, без оглед на нивната големина и форма, како и на видот на пакувањето. Без разлика дали станува збор за спакувани или неспакувани производи, поединечни парчиња, производи во растресита состојба или производи во транспортни пакувања, системите за рендгенска контрола WIPOTEC овозможуваат високо ниво на контрола на квалитетот.

Покрај откривањето туѓи тела, овие системи овозможуваат и напредни функции за контрола, како проверка на комплетноста на производот, анализа на нивото на полнење, откривање оштетувања на спакуваниот производ и проверка на интегритетот на пакувањето. Интелигентната обработка на сликата и високите перформанси овозможуваат прецизна работа дури и при големи брзини на производните линии.

  • Сигурно откривање метал, стакло, камен, пластика со висока густина, коски и други туѓи тела
  • Контрола на производите без оглед на нивната форма, големина или видот на амбалажата
  • Проверка на комплетноста на производот и присуството на сите компоненти во пакувањето
  • Анализа на нивото на полнење и откривање неправилности во пакувањето
  • Проверка на оштетувањата на производот и интегритетот на амбалажата
  • Висока прецизност при големи производни брзини
  • Автоматско издвојување на неисправните производи
  • Лесна интеграција во постојните производни линии
  • X-ray системи за поединечни пакувања
  • X-ray системи за кутии, транспортно и пакување на големо
  • Системи за контрола на рефус производи
  • Комбинирани решенија за откривање на загадувачи и контрола на квалитетот

SC 2000
Компактен систем за рендгенска контрола, со вкупна должина од само 700 mm, наменет за апликации со ограничен простор. Овозможува откривање туѓи тела, како и контрола на количината, обликот, комплетноста и нивото на полнење, со капацитет до 400 производи во минута.

SC-E 3000 / SC-E 4000
Почетна серија системи за рендгенска контрола, наменети за откривање туѓи тела во примарна и секундарна амбалажа со средна големина. Покрај откривањето загадувачи, со соодветен софтвер овозможуваат броење, проверка на комплетноста, контрола на нивото на полнење и мерење на масата. Достапна е и претконфигурирана варијанта SC-E Fast Track за побрза испорака.

SC 30 / SC 40 / SC 5000 / SC 6000
Системи за рендгенска контрола со висока прецизност и HD-TDI камера, развиени за апликации со високи барања, сигурно откривање и минимален број лажно издвоени производи. Конструкцијата од нерѓосувачки челик, заштитата IP65, хигиенскиот дизајн на комората во облик на буквата C и закосените површини овозможуваат сигурна работа и лесно чистење.

SC-B 30
Систем за рендгенска контрола на материјали во растресита состојба и влезни суровини (bulk), што може да се постави на почетокот од производниот процес за рано отстранување на контаминацијата. Така се штити опремата од оштетување, се намалуваат загубите на производи и полесно се открива изворот на туѓите тела пред понатамошната обработка.

SC-S
Страничен систем за рендгенска контрола на исправени производи, како лименки, шишиња и амбалажа од композитни материјали, хартија или пластика. Наменет е за откривање туѓи тела и контрола на нивото на полнење. Модуларната конструкција и заштитата IP65 овозможуваат лесна интеграција во постојната линија.

SC-S 5020 Dual View
Систем за рендгенска контрола со Dual View технологија, наменет за контрола на лименки и тегли, вклучувајќи откривање стакло во стакло. Двата рендгенски детектори и приспособливиот распоред на изворите овозможуваат преглед на внатрешноста на производот од различни агли и висини.

SC-WD
Систем за рендгенска контрола за влажни средини и погони со интензивно миење, со заштита IP69K на системот и интегрираната единица за водено ладење. Хигиенската конструкција од нерѓосувачки челик, комората во облик на буквата C и транспортната лента што брзо се отстранува го олеснуваат чистењето и одржувањето.

SC-WD-B
Хигиенски систем за рендгенска контрола со заштита IP69K, наменет за проверка на производи во растресита состојба и неспакувани производи. Се вградува пред завршното пакување. Различните системи за исфрлање, како реверзибилна лента или лента со повлекувачки крај, ги намалуваат загубите на исправни производи.

SC-I
Систем за рендгенска контрола наменет за интеграција во машини за полнење и за проверка на затворени термоформирани послужавници со цврсти, вискозни или течни производи. Се монтира зад станицата за затворање и открива туѓи тела и го контролира нивото на полнење додека производите мируваат наредени во еден слој.

🛈 X-ray системите се достапни во различни варијанти во зависност од видот на производот, пакувањето и нивото на потребна контрола. Тие можат да се користат за откривање на туѓи тела, проверка на интегритетот на производот и контрола на пакувањето во реално време. Поради разликите во примената и производствените барања, изборот на соодветен систем најдобро се дефинира со поддршка на нашите експерти.

Системи за следлив квалитет (TQS системи)

Современите производни процеси бараат сигурна идентификација и целосна следливост на производите во секој чекор од производството, пакувањето и дистрибуцијата. Решенијата Wipotec TQS обединуваат означување, серијализација, проверка на кодови, оптичка контрола, мерење и автоматско издвојување неисправни производи во единствен модуларен систем.

Серијализацијата овозможува на секој поединечен производ да му се додели единствен идентификациски код. Со системите за агрегација, производите може да се поврзат со групните пакувања, транспортните кутии и палетите. Така може да се следи движењето на производите низ производниот и дистрибутивниот синџир, со побрз пристап до податоците и полесно управување со евентуалното повлекување производи од пазарот.

Во зависност од барањата, системот може да се прошири со контролно мерење, детекција на метал, RFID технологија и дополнителни модули за серијализација и агрегација.

Ваквиот пристап ја намалува можноста за грешки при означувањето, спречува неисправните производи да продолжат низ синџирот на снабдување и им помага на производителите да ги исполнат регулаторните барања, да ја подобрат контролата на квалитетот и да го заштитат интегритетот на својот бренд. Модуларната платформа TQS може да се приспособи на различни видови производи, амбалажа и производни капацитети, како самостојно решение или како дел од постојна производна линија.

  • Сигурна серијализација на производите во согласност со меѓународните регулаторни барања
  • Автоматска агрегација на производите на сите нивоа на пакување (пакување, кутија, палета)
  • Проверка на 1D и 2D кодови, баркодови и DataMatrix кодови во реално време
  • Целосна следливост на производите низ целиот производен и дистрибутивен синџир
  • Интеграција со ERP, MES и други деловни информациски системи
  • Управување и размена на податоци со високо ниво на безбедност и сигурност
  • Модуларна архитектура што овозможува лесно проширување на системот
  • Лесна интеграција во постојните производни линии
  • Целосна валидациска документација во согласност со GMP стандардите
  • Системи за серијализација на поединечни производи
  • Системи за агрегација на пакети, кутии и палети
  • Станици за верификација и контрола на кодови
  • Централен софтвер за управување со податоци и целосна следливост на производите

TQS-SP
Компактен систем за простори со ограничена површина. Овозможува серијализација на картонски кутии, со печатење и индустриска камера за проверка на кодовите. Може да работи самостојно или како дел од производна линија, со стандарден капацитет до 300 пакувања во минута и можност за работа со до 600 пакувања во минута.

TQS-HC-A
Обединува серијализација, проверка на отпечатените кодови и контролно мерење за проверка на комплетноста на пакувањето. Кутиите со неисправни кодови и оние со отстапување во масата се издвојуваат преку одделни системи за исфрлање.

TQS-HC-A со Tamper-Evident систем
Комбинира серијализација, проверка на печатот и контрола на масата со поставување сигурносни етикети од двете страни на преклопот на кутијата. Етикетите овозможуваат да се забележи ако амбалажата претходно била отворена. Сите функции се извршуваат додека производот минува низ уредот.

TQS-HC-A со Tamper-Evident систем и апликатор за дополнителни етикети
Во еден уред обединува серијализација, сигурносно затворање, апликација на винетки, дополнително печатење етикети и контролно мерење. Централното управување со сите компоненти и промената на форматот без алат го олеснуваат приспособувањето кон различни пакувања.

TQS-Bottle
Систем за серијализација на шишиња и ампули со нанесување етикети на кои се отпечатени текст и кодови што го идентификуваат производот. Компактната конструкција овозможува лесна монтажа во постојни линии, а производите при етикетирањето се водат со ѕвездесто тркало или странични транспортни ленти.

TQS-SP-Bottle
Печати помошни кодови на дното или на врвот на шишињата и ампулите за нивна подоцнежна агрегација во групни и транспортни пакувања. Интегрираната инспекција од 360° ги проверува претходно серијализираните етикети, а производите со неисправни етикети или помошни кодови автоматски се издвојуваат.

TQS-SP-Vial
Систем за означување ампули што комбинира CIJ печатење на затворачот, камера за проверка на печатот и RFID технологија. Интегрираната RFID единица овозможува запишување или читање податоци, со заедничко управување на печатачот, камерата и RFID модулот.

TQS-BP
Систем за агрегација на групни пакувања, кој ги поврзува сериските броеви на поединечните производи со единствен код на групата. Обединува читање кодови, печатење и апликација на етикета со проверка преку камера. Групните пакувања може да се внесуваат автоматски или рачно.

TQS-CP
Полуавтоматски систем за агрегација на поединечни кутии или групни пакувања во транспортни картони. Камерата го чита секој слој што го реди операторот. Кога ќе се достигне зададениот број слоеви и производи, системот ја завршува агрегацијата и автоматски ја генерира етикетата за картонот.

TQS-CP-Bottle
Систем за полуавтоматска агрегација на шишиња и ампули, со камери што ги проверуваат серијализираните етикети од сите страни. Откако ќе ги издвојат производите со нечитливи или невалидни кодови, системот ја собира зададената количина за рачно пакување и ја печати етикетата за транспортниот картон.

TQS-MP
Модуларно решение за агрегација при рачно завршно пакување, кое ги поврзува поединечните производи со групното или транспортното пакување во базата на податоци. Интегрираниот читач на DataMatrix кодови, подготовката на етикетите и прикажувањето на чекорите на екранот му помагаат на операторот во текот на пакувањето.

TQS-LI
Систем за печатење и проверка етикети во ролна пред нивното нанесување на производите. Камерата го контролира квалитетот на печатот, кодовите, текстот и сликите. Неисправните етикети се отстрануваат или се означуваат како невалидни, а исправните повторно се намотуваат.

TQS-SP-OEM / TQS-CP-OEM
Модули за директна интеграција на Track & Trace функции во машините за пакување. TQS-SP-OEM овозможува серијализација во машините за формирање и затворање картонски кутии, додека TQS-CP-OEM е наменет за целосно автоматска агрегација на транспортни картони во машините за завршно пакување.

TQS Batch Coding
Обединува печатење податоци за производната серија, проверка на отпечатокот со камера и контролно мерење, со заедничко управување. Овозможува издвојување пакувања со неисправен отпечаток или несоодветна маса, како и надградба до целосна серијализација.

TQS Case Labeling System
Систем за печатење и нанесување етикети, проверка на податоците и контролно мерење на транспортни кутии. Со сите функции се управува преку еден интерфејс, а системот може да се надгради до целосна серијализација.

TQS Direct Case Marking System
Систем за директно печатење променливи податоци на транспортни кутии, без употреба на етикети. Поддржува мастила на водена и растворувачка основа, овозможувајќи означување на различни површини, вклучувајќи и неапсорбирачки материјали.

TQS Modular End-of-Line System
Модуларен систем што, според барањата на производството, комбинира печатење, етикетирање, оптичка инспекција, детекција на метал и контролно мерење. Конфигурацијата се приспособува на производот и амбалажата, а избраните модули се управуваат централизирано.

TQS Laser Coding Bottles
Систем за директно ласерско означување PET шишиња со серијализирани QR кодови, со три ласери и три камери за проверка на ознаките. Поддржува кодови според стандардот GS1 Digital Link и овозможува трајна идентификација на повратната амбалажа, со централизирано управување.

🛈 Track & Trace решенијата вклучуваат различни конфигурации за серијализација, агрегација и управување со податоци за производи низ целиот синџир на снабдување. Системот се прилагодува на нивото на автоматизација, регулаторните барања и постојната ИТ инфраструктура, со цел да се обезбеди целосна следливост и контрола на податоците. За оптимален избор на решение што одговара на вашата производствена линија и барања за усогласеност, се препорачува консултација со нашите експерти.

Комбинирани уреди

WIPOTEC комбинираните уреди обединуваат повеќе функции за контрола на квалитетот во еден систем, овозможувајќи истовремена контрола на масата на производот, откривање на туѓи тела и автоматско одвојување на неисправни производи. Со интегрирање на контролната вага со детектор за метал или X-ray  систем, се постигнува максимална ефикасност на производствената линија, а воедно се заштедува простор и се поедноставува управувањето.

Благодарение на прецизните технологии за мерење и интелигентната обработка на податоци, комбинираните системи овозможуваат сигурна контрола на квалитетот при високи брзини на производство. Модуларната конструкција овозможува прилагодување кон различни видови производи, пакувања и производствени процеси, со едноставна интеграција во постојните производствени линии.

  • Истовремена контрола на масата на производот и откривање на туѓи тела во едно поминување
  • Комбинирање на контролна вага со детектор за метал или X-ray систем
  • Заштеда на простор благодарение на компактниот дизајн
  • Намалување на бројот на контролни точки и поедноставено управување со производствената линија
  • Висока прецизност на мерење и сигурна детекција при високи брзини на производство
  • Автоматско одвојување на производи што не ги исполнуваат дадените критериуми
  • Единствен кориснички интерфејс и централизирано управување со системот
  • Едноставна интеграција во постоечките производствени линии
  • Контролна вага + детектор за метал
  • Контролна вага + X-ray систем
  • Интегрирани решенија со системи за автоматско одвојување на производи
  • Прилагодени комбинирани решенија според барањата на производствената линија

HC-M-MDi
Обединува контролно мерење и детекција на метални загадувачи во компактна единица. Заедничкиот контролен екран ги обединува поставките за производот, резултатите од контролата и статистиката.

HC-A-MDi
Обединува прецизно контролно мерење со EMFR мерна ќелија и чувствителна детекција на метал. Овозможува одделно издвојување на контаминираните производи и производите со несоодветна маса, со управување преку еден екран.

HC-M-SL-MDi
Комбинирана контролна вага и детектор за метал, наменети за тешки производи и големи оптоварувања. Двете функции се контролираат преку заеднички екран, а производите се издвојуваат одделно, во зависност од причината за отфрлање.

HC-M-WD-MDi
Обединува контрола на масата и детекција на метал во изведба за интензивно миење, наменета за производни погони што често се мијат. Конструкцијата од нерѓосувачки челик и хигиенскиот дизајн се приспособени на барањата на прехранбената индустрија.

HC-A-VI
Комбинира контролно мерење и оптичка инспекција на производите. Прецизното водење на производите овозможува стабилна проверка, а заедничкиот контролен екран ги обединува параметрите, резултатите и статистиката од двете контроли.

SC-W
Обединува рендгенска детекција на туѓи тела и контролно мерење на масата во една единица. Достапен е со една или две транспортни ленти, а изведбата без заштитни завеси овозможува капацитет до 300 производи во минута по лента.

SC-V
Комбинира рендгенска детекција на туѓи тела и оптичка контрола на амбалажата. Овозможува проверка на етикети, кодови, датуми и покривни фолии, со управување на двете инспекции преку еден екран.

SC-W-V
Обединува рендгенска инспекција, контролно мерење на масата и оптичка контрола во еден систем. Покрај туѓите тела и отстапувањата во масата, ги проверува текстот, кодовите, етикетите и зоните на запечатување на амбалажата, со централизирано управување.

SC-S со детекција на протекување
Комбинира рендгенска детекција на туѓи тела и проверка на непропустливоста на наполнети и затворени пластични шишиња и лименки. Наменет е за линии за полнење, со капацитет до 60.000 единици амбалажа на час и можност за додавање оптичка инспекција.

🛈 WIPOTEC комбинираните уреди се достапни во различни конфигурации кои се прилагодуваат на видот на производот, достапниот простор, производствениот капацитет и барањата за контрола на квалитетот. Изборот на оптимална комбинација на технологии зависи од вашата примена и целите на производствениот процес. Нашите експерти ќе ги анализираат вашите потреби и ќе препорачаат решение кое обезбедува максимална ефикасност, сигурна контрола на квалитетот и долгорочна исплатливост на инвестицијата.

Побарајте консултација!

Опишете ни ги вашите потреби.

Ќе ве контактираме во најкраток рок со предлог-решение или понуда.

Kontakt forma
wipotec-inspection-contact